настани

Што ја одбележа 2023-та година?

30.12.2023 19:30

Македонија имаше и со што да се пофали, министерскиот совет на ОБСЕ ја стави земјата накратко во центарот на светот...

Одлуката на Управниот суд Весна Дамева да се врати на функцијата претседател на Судскиот совет предизвика лавина реакции во јавноста. Ова за опозицијата е последна во низата скандали кои го тресат судството. Но и уште една дамка врз правосудниот систем кое е под будно око на меѓународната заедница. Но што друго ја одбележа годината? Македонија имаше и со што да се пофали, министерскиот совет на ОБСЕ ја стави земјата накратко во центарот на светот. Но, за жал, веднаш по овој настан стигна вест за двојно убиство кое ја потресе јавноста. Годината завршува со неодговорени прашања за кои се чекаат одговори во следната. Анита Димитријевска-Велковска со кратко резиме за сè што се случи изминатите 12 месеци.