Фудбал – СП Бразил 2014

6 дена – 6 домаќини шампиони!

06.06.2014 16:38

Во досегашните 19-ет Светски првенства во фудбал, домаќините биле шампиони шест пати. Откако на првиот и на вториот мундијал во 1930-та и во 1934-та триумфираа организаторите Уругвај и Италија, се чекаше 32 години за домаќинот да ја освои титулата.

Тоа и успеа на Англија на шампионатот во 1996-та со победата во финалето против Германија со 4:2 по продолженија.

По „Гордиот Албион“ тоа го направија и Германија во 1974-та и во Аргентина во 1978-та, па потоа следуваше повторно долг пост од 20 години.

Во 1998-та, Франција стана шестиот и засега последен светски првак - домаќин на мундијалот со победата против Бразил во Париз со 3:0

Организаторот на 20-то Светско првенство, Бразил пропушти таква шанса во 1950-та кога во мечот за трофејот, иако му одговараше нерешено, загуби од Уругвај на Маракана во Рио со 2:1.