Здравство
Расте бројот на заболени од грип
30.12.2023 19:47
Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кои сè уште се под неделната граница за сезонска активност...

Минатата недела се пријавени за 53% повеќе случаи на грип во споредба со претходната недела, покажуваат податоците на Институт на јавно здравје. Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кои сè уште се под неделната граница за сезонска активност. Децата до 4 години остануваат на удар како најранливи.
Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има локална активност на вирусот на грип во текот на изминатите 12 недели на надзор. Согласно овие податоци, има регионална раширеност и низок интензитет на активноста на вирусот на грип.
