Регион

Силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина, граѓаните вознемирени

30.12.2023 22:02

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Зеница, на длабочина од десет километри...

Во Босна и Херцеговина е регистриран силен земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Зеница, на длабочина од десет километри. Бил почувствуван и во Сараево и во Бања Лука како и во повеќе градови во Хрватска, Србија и Црна Гора.

Неколку села во планинскиот предел околу Зеница немаат струја.