мвр

Запленети 749 пиротехнички средства во Скопје, приведено едно лице

31.12.2023 09:21

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок...

Вчера во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистарски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.