Временска прогноза
Сончево со умерена облачност
31.12.2023 08:01
По котлините ќе има појава на магла која околу пладневните часови ќе се намалува, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира...

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. По котлините ќе има појава на магла која околу пладневните часови ќе се намалува, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира.
Во Скопје претпладне со појава на магла, која околу пладне ќе се намали. Во вечерните часови, а особено во текот на ноќта повторно ќе се формира густа магла.
