Настани во светот во изминатите 12 месеци
Војни, разгорување на стари конфликти, пожари, поплави, земјотреси, бегалска криза.2023 година беше предизвик за светот. Меѓународната заедница под постојан притисок да стави ред онаму каде што гладта царува...

Украина влезе во 2023 со надеж дека ќе успее да ја порази Русија на бојното поле, но ја завршува годината во неизвесноста за ветената помош од Западот.
Меѓународниот кривичен суд во Хаг, издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин. Ким Џонг Ун ја посети Москва.
Турција и Сирија на 6 февруари беа погодени од земјотрес од 7,8 рихтери. Речиси 60.000 луѓе загинаа. 160.000 објекти беа уништени или оштетени.
Повеќе од 100.000 етнички Ерменци го напуштија Нагорно Карабах во септември, по 24 часовна офанзива на азербејџанските сили.
2023, најтоплата година досега. Глобалното затоплување предизвика екстремни временски настани на сите континенти. Во Дубаи од конференцијата за климата (КOП28) светските лидери повикаа на напуштање на употребата на фосилните горива, еколошките активисти предупредија дека тоа не е доволно.
Голем пожар го зафати некогашниот рајски град на Хаваи, Лахаина и однесе над сто жртви и исчезнати. Кататсрофата го чинеше островот нешто над шест милијарди долари.
Хамас ненадејно го нападна Израел на 7 октомври. Загинаа повеќе од 1.200 луѓе, а беа земени 240 заложници. Израелските власти ветија дека ќе го уништат Хамас и почнаа континуирано бомбардирање врз Појасот Газа, хуманитарната криза се продлабочува.
Светот стравува од разгорување на конфликтот на Блискиот Исток. Војната ги засили безбедносните мерки во Европа.
Брисел реши за отворање на претпристапните преговори на ЕУ со Украина и Молдавија, а на Грузија и беше доделен кандидатски статус за членство.
По Колорадо и Мејн го исклучи републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп од учество на предизборите за трката за Белата куќа во 2024 година.
Американските власти во 2023 година поднесоа четири обвиненија против поранешниот шеф на државата, републиканецот Доналд Трамп, во екот на неговата кампања за враќање во Белата куќа.
Маријана Димовска
