воен конфликт

Се интензивираат борбите на релација Москва-Киев

31.12.2023 09:59

Русите брзо се одмаздија за украинскиот напад во Блегород. Харков гори...

На само неколку часа пред истекот на годината се интензивираат борбите на релација Москва-Киев. Русите брзо се одмаздија за украинскиот напад во Блегород. Харков гори. Погодена повеќекатница полна со цивили. Москва и натаму тврди дека напаѓа само воени цели.

„Нагласуваме дека руските вооружени сили работат само на воени цели“, изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

Бројот на цивилни жртви расте и на двете страни.

„Само од вчерашниот руски напад загинаа 39 лица“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Советот за безбедност повика на итна деескалација на тензиите.

„Ги повторуваме апелите за деескалација на тензиите и за прекин на нападите врз цивилите, цивилната и енергетската инфраструктура“, изјави Калед Киари, помошник генерален секретар за Блискиот Исток.