Во Тел Авив антивладини протести
Повикаа на нови избори и побараа итна акција за враќање на заложниците...

Во Тел Авив антивладини протести против начинот на кој владата на Нетанјаху се справува со тековната војна во Газа. Повикаа на нови избори и побараа итна акција за враќање на заложниците.
„Точно е дека Израел има многу непријатели и закани, но денес за жал Нетанјаху и неговото континуирано владеење се најзначајната егзистенцијална закана за нашата земја и општество“, изјави резервен мајор Гал Цур во израелска војска.
Нетанјаху, пак, нема намера да ја заврши војната без крајната цел-а, тоа е победа.
„Победата бара повеќе време. Ќе продолжи уште многу месеци, мојата политика е јасна-се бориме до завршување на сите цели, а пред сè елиминација на Хамас и ослободување на сите заложници“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Војната во Газа и зачестените напади на Хезболах и Хутите, ги вклучија алармите на меѓународната заедница за можно прелевање на конфликтот.
