Роднините бараат слобода за обвинетите во случајот „Монструм“

06.06.2014 16:45

Протестите поминаа без инциденти, во засилено полициско присуство...

Неколку стотици граѓани меѓу кои роднините на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковско езеро протестираа по скопските улици. Тргнаа од џамијата Јаја Паша, а протестот го завршија пред Јавното обвинителство.

Роднините побараа да бидат ослободени бидејќи сметаат дека тие не се убијците. Протестираа и против обвинителството поради начинот на кој се одвиваа завршните зборови во постапката, која е при крај и се очекува на 18-ти месецов да биде донесена пресудата.

Протестите поминаа без инциденти, во засилено полициско присуство.   

Фиљана Кока