Нова година

Во светот последни подготовки за најлудата ноќ

31.12.2023 10:50

Во Њујорк традиционално тестирана светлечката топка на Тајмс Сквер што ќе ја одброи последната минута од старата година...

Светот ги привршува последните подготовки за новогодишната ноќ. Во Њујорк традиционално тестирана светлечката топка на Тајмс Сквер што ќе ја одброи последната минута од старата година.

„Се подготвуваме за многу забава“.

„Ја сакам атмосферата. Секоја година доаѓам рано“.

На плажите во Шевенинген во близина на Хаг, запален традиционалниот оган. Во Франција зголемено присуството на безбедносните сили во исчекување на големиот огномет. За првпат по десет години полскиот премиер Доналд Туск упати новогодишна порака до нацијата, велејќи дека 2023-та година ќе влезе во историјата на земјата како време на пробив.

„Изминатата година беше тешка, полна со емоции и спорови, но и граѓанско будење и триумф на демократијата. Изминатите месеци не научија дека невозможното станува возможно“, изјави Доналд Туск, премиер на Полска.