Политика

Пратениците со пораки и желби за Новата година

31.12.2023 12:20

За дел од пратеници 2023-тата била успешна работна година, за други во меморија остануваат само скандали. Овој парламентарен состав ќе работи до почеток на идната изборна година. Првата седница е закажана за средина на јануари...

На само неколку месец и пред крајот на четиригодишниот мандат, народните избраници со различни оценки за постигнатото во законодавниот дом. Некои задоволни што успеале да го завршат она што го ветиле пред избирачите, но сепак признаваат можеле и повеќе. Велат дека се горди што сите заедно го поддржале донесувањето на деловникот што ќе овозможи поквалитетно функционирање на Собранието. За опозиционерите овој состав на парлементот го одбележаа многу скандали, кавги и прекини во работењето.

Власта е со оптимизам дека ќе има консензус да се заврши и најтешката задача, да се усвојат уставните измени.

Пратениците и со порака до нивните наследници – да работат во интерес на граѓаните, за поквалитетен живот и подобар стандард.

Прва редовна седница в година е закажана на 16-ти јануари. Законодавниот дом ќе работи до почетокот на изборната кампања. Претседателските и парламентарните избори ќе бидат распишани на средината на февруари.

 

Наташа Гркова Петрушевска