Реакции по приведувањето на внукот на Ахмети, Дрин Ахмети
Со овој скандал се открива дека овие политички елити немаат ниту морал ниту етика, велат од БЕСА...

По вчерашната вест од МВР дека е приведен Дрин Ахмети, внукот на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети и косопственик на трговскиот центар „Соравија“, реагираа од БЕСА, од каде велат дека власта ги заслепи Али Ахмети и неговото семејство, одговорност треба да има за секој. Со овој скандал се открива дека овие политички елити немаат ниту морал ниту етика. Од партијата бараат Министерството за внатрешни работи и органите на правдата да ја завршат својата работа до крај. Да има одговорност, во спротивно ќе значи дека надлежните институции се соработници во шверцот заедно со дрин и Али Ахмет.
Инаку синоќа според информации на МВР полицајци го запреле возилото „Ренџ Ровер“ со кое управувал и при преглед пронашле 749 пиротехнички средства“.
