Светот со последни подготовки за најлудата ноќ
Светот се подготвува за дочекот на Новата година. Најголемиот дел од желбите на граѓаните се да има мир насекаде во светот...

Светот ги привршува последните подготовки за новогодишната ноќ. Во Њујорк традиционално тестирана светлечката топка на Тајмс Сквер што ќе ја одброи последната минута од старата година.
„Се подготвуваме за многу забава“.
„Ја сакам атмосферата. Секоја година доаѓам рано“.
Но, магијата не би била потполна без слатките чоколада. Во Мароко продажбата расте.
„Бројот на продажби се зголеми за 40 насто“, изјави слаткар од Мароко.
„Правиме нови украси, нови вкусови кои одлично се вклопуваат со новогодишната тема“, изјави слаткарка од Мароко.
Новогодишната атмосфера се чувствува и во Русија. Жителите на Москва се надеваат дека претстојната 2024 ќе биде подобра и ќе стави крај на конфликтот во Украина.
„Се надевам на подобро. Се надевам дека војната ќе заврши и ќе дојде мир“.
Прво, сакам мирот да дојде насекаде. Војната и непријателствата да завршат и сите да се вратат дома. И секако, сакам лична среќа и среќа за децата“,
Ден порано, на плажите во Шевенинген во близина на Хаг, запален традиционалниот оган проследен со спектакуларен огномет. Долгата новогодишна ноќ Франција ќе ја дочека со зголемено присуство на полицијата во Париз поради, како што рекоа властите, многу високи терористички закани, делумно поради случувањата во Израел и Палестина.
Бојана Крстевски
