Регион
Четворица повредени во земјотресот од 4,7 степени по Рихтер што ја погоди Босна и Херцеговина
31.12.2023 12:28
Предизвикана е и значителна материјална штета на голем број објекти-соопштија властите...

Четири луѓе се повредени во земјотресот што вчеравечер ја погоди Босна и Херцеговина, со јачина од 4,7 степени по Рихтер. Предизвикана е и значителна материјална штета на голем број објекти-соопштија властите.
Епицентарот на потресот бил во близина на Зеница, а почувствуван и во Хрватска и во Србија.
