Економија

Земјава во исчекување на новогодишната ноќ, се троши повеќе од што дозволува џебот

31.12.2023 16:01

Денот одминува, празнична атмосфера веќе се чувствува. Граѓаните ги направија последните подготовки за славење, иако се жалат дека цените годинава се повисоки од минатата. Колку ќе нè чинат празниците и дали трошиме повеќе отколку што имаме?

Поскромна, попосна и поскапа трпеза – велат граѓаните со кои поразговаравме за тоа како се подготвуваат за дочекот на Нова година. Можеби подолго ќе трае пазарувањето со споредувањето на цените, но и годинава ќе се потрудат достојно да ја дочекаат Новата година, која ќе им го испразни домашниот буџет.

Над 56 илјади денари му биле потребни на едно четиричлено семејство со двајца ученици за да го помине месецот според пресметката на ССМ. Потрошувачката кошничка вклучува поевтини производи на попуст и акција, двапати во месецот да јаде во сендвичарница, едното дете да користи автобуски билет, да одат на одмор една недела во јуни во Дојран и да живеат во просечен стан од 60 квадрати.

Ако живеат под кирија на овие 56 илјади се додаваат уште 20-тина илјади. За овие минимални давачки, потребни се високи плати, апелираа од Синдикатот. Годината која одминува ја поминаа на улиците од каде испраќаа порака дека вработените живеат со мали примања. И додека 25 илјади работници се на минимална плата, а ниту две не ги покриваат основните трошоци, Уставен на функционерите им ги зголеми платите ни повеќе ни помалку туку за 78 отсто. Во годината која одминува високите плати на функционерите не стигнаа на ред да се намалат.

Новата година пензионерите ќе ја дочекаат со празен џеб. 2024 ќе ја стартуваме со повисоки сметки за вода и струја со што дополнително ќе се зголеми потрошувачката кошничка.

 

Александра Велинова