Новогодишна атмосфера во Скопје
На плоштадот во главниот град почна празничната атмосфера уште од претпладнето...

Трагајќи по одговорот што е среќа и како да бидеме среќни, на скопскиот плоштад сретнавме тројца пријатели од војничките денови, кои за првпат се среќаваат по 34 години.
Една година заедно го служеле воениот рок 1988 година во Белград. Михаило е од Скопје, Манче од Велес, а Емир од Зеница, Босна и Херцеговина.
Манче не можеше да ја сокрие среќата.
Михаило кога се навраќаше на армиските денови раскажа како сите биле учени тогаш да подадат рака, да помогнат. Вели, не му се допаѓа што модерните времиња ги сменија луѓето.
Емир вели дека клучот за среќен живот се искуствата од страдањата кои ги преживеал во Босна и Херцеговина.
„Смислата на животот е по некои војни и политички случувања кои ги поминавме кога ќе се видиш со своите пријатели. Кога со воодушевување минуваш 700 километри за да видиш некој што ти бил близок и останал, со кои те врзуваат прекрасни денови, тоа е за мене смислата на животот. Сите паѓаме и стануваме, треба да ја гледаме широката слика. Имаме пријателство коешто трае речиси три ипол децении. Ова се мои пријатели без оглед што сега за прв пат се гледаме по отслужување на воениот рок“, изјави Емир Халаќ.
Манче го има одговорот зошто сега нема такви трајни пријателства. Тој им порача на политичарите.
Не треба многу, потребни е искра за да се откријат добрината во луѓето и светот.
Наташа Јанчиќ Менковски
