мвр

Запленети 21.524 пиротехнички средства на Бит Пазар, приведено едно лице

31.12.2023 18:44

По целосно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок...

Денеска во 14.30 часот на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.А. (33) од Скопје, кој е затекнат како на импровизирана тезга продавал поголема количина на разновидни пиротехнички средства. При тоа пронајдени и одземени се 21.524 пиротехнички средства.

По целосно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.