Препанските јаболка со посебен мирис и вкус

06.06.2014 17:11

Ајдарет, златен и црвен делишес, јонаголд, грин смит се дел од познатите јаболка во Преспа. Ајдаретот сепак води на речиси 80 проценти од површините...

Градскиот живот е здодевен, во село најдовме мир – откако останале без работа, Дојчиновски се вратиле во старата селска куќа и почнале нов живот. Засадиле пет хектари јаболка, очекуваат берба на 140 тони. Работат сами. Велат, пласман има, но прекупците ја намалуваат цената.

„Со средствата од ИПАРД програмата земавме механизација, а од националната програма исто така набавивме трактор“, вели Цвета Дојчиновска од село Штрбово.  

Успешна земјоделка е и Виолета од селото Царев двор која по работата во администрацијата и угостителството, како иднина го избра земјоделството. Има шест и пол хектари насад под јаболка. Доби средства од две програми. Ги примени стандардите на европското земјоделско производство.

„Кога ќе се постигне економски праг од две до три пеперутки тогаш е време за третирање, иначе ова е стапица за привлекување на машките пеперутки“, објаснува Виолета Цинцуровска од селото Царев Двор.

Ајдарет, златен и црвен делишес, јонаголд, грин смит се дел од познатите јаболка во Преспа. Ајдаретот сепак води на речиси 80 проценти од површините.

Во Преспа годишно се берат околу 85 илјади тони јаболка, а Преспанското Езеро им дава посебна боја и вкус.

Дијана Ценевска