Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
01.01.2024 08:10
По котлините со појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините со појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, која околу пладне ќе се намали. Во текот на ноќта ќе има значителна ниска облачност и појава на магла.
