Здравство

Првото бебе во 2024 е машко, се роди точно на полноќ

01.01.2024 08:30

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00. 00 часот …

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Породувањето беше извршено по природен пат, соопштија од ГАК.

Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10. На свет го донесе 34-годишната Наташа Стефковска од Скопје.

Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња, информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.