Нова година

Македонија ја пречека Новата 2024, желби за просперитетна и бериќетна година

01.01.2024 10:45

Македонија ја пречека Новата 2024-та година. Желби за просперитетна и по бериќетна за сите нас. Напредок на државата на политички и на економски план. На плоштадот „Македонија“ организиран дочек, за забавата се погрижија познати имиња од македонската музичка сцена…

Дел од нашите сограѓани, како и милиони луѓе ширум светот Новата година ја дочекаа на плоштад. Иако на различна возраст, сите со слични желби.

Дека среќна ќе биде Новата 2024 година, надеж влеваат младите луѓе. Триесет и четиригодишниот Стефан вели среќата е во нас, во семејството. Нему не му е лошо во Македонија.

Муамет, Наташа, Алдијан велат - животот треба да го земеме во наши раце.

Апетитите на денешните тинејџери не се задоволуваат само со пакетче. И Петра задоволна ќе чекори во новата година, го доби посакуваниот балон.

 

Наташа Јанчиќ Менковски