Франција без Рибери во Бразил!
Слекторот на Франција, Дидие Дешам ја искористи можноста да ги замени двајцата повредени фудбалери уште пред „триколоите“ да отпатуваат за Бразил...

И покрај тоа беа дел од составот од 23 фудбалери, сепак Франк Рибери и клеман Грание нема да играа на Светското првенство. Слекторот на Франција, Дидие Дешам ја искористи можноста да ги замени двајцата повредени фудбалери уште пред „триколоите“ да отпатуваат за Бразил. Француската федерација веднаш ја испратила во ФИФА медицинската документација на двајцата репрезентативци.
Фудбалерот на Баерн Минхен кој требаше да биде предводник на шампионот од 1998-та работел со соиграчите последните некоколку денови, но вчера на тренингот едноставно застанал поради преголеми болки во грбот. Рибери ќе мора да паузира неколку недели, па Дешам реши негова замена да биде играч со слични карактеристики, Реми Кабеја од Монпелје.
Повредата на препоните пак, е причина што отпадна и Грение. Фудбалерот на Лион играше против Норвешка, но сепак вчера повтроно добил силни болки во пределот на десниот адуктор и ќе го пропушти мундијалот. На негова сметка, среќата му се насмевна на играчот за врска на Саутемптон, Морген Шнајдерлин кој ќе патува за Бразил.
До првиот дуел на Светскиот шампионат шротив Хондурас на 15 јуни, Франција ќе има уште една контрола и тоа в недела против Јамајка. Во Групата Е се уште и Швајцарија и Еквадор.
Според правилата на ФИФА дозволени се замени на играчи и по објавувањето на списокот од 23-ца фудбалери, но само на повредени. Тоа може да се направи и за време на мундијалот, се разбира поткрепено со медицинска документација којашто ја разгледува лекарска комисија на ФИФА.
