2023 година на економски план беше една од најтешките, велат тетовци
Ова беше една од најлошите години на економски план, се жалат тетовци. Економистите сметаат дека и на микро и на макроекономски план работите се подобруваат, но недостатокот на работна сила ќе биде еден од главните проблеми кој ќе ја кочи развојната компонента на економијата …

Година со енормен раст на цените, а минимално покачување на платите и пензиите, 2023 година на економски план беше една од најтешките, велат тетовци. Индустрија има се помалку, а секторот од кој егзистираме, земјоделието пропаѓа, без производство нема и што да очекуваме.
Економистите велат дека лошото на економски план веќе е зад нас. Се предвидува намалување на инфлацијата затоа што Европа никогаш не била по снабдена со енергенси. Но она што треба да не загрижува е недостатокот на квалитетна работна сила.
Растот на платите е за поздравување оти се покажа дека тоа не влијае на инфлацијата која се зголемуваше пред сè поради супер профитите на компаниите, вели Беџети.
Печалбарите дојдени во тетовско за време на новогодишните празници значително ја раздвижија економијата во трговско – угостителските објекти.
Економистите истакнуваат дека во зависност од годината, приливот на пари од печалбарите се движи од 500 милиони до 1,5 милијарда евра. Со прометот кои го прават додека се дојдени дома, се покрива голем дел од трговскиот дефицит.
Зоран Димовски
