Македонија

Алек е првороденото бебе во 2024 година

01.01.2024 15:00

На десет секунди по полноќ, Алек се роди во Скопје. Здраво машко бебе е радост за семејството. За прв пат добиваат улога на родители. Со него роденден ќе слават уште другарчиња кои дојдоа на свет во првиот ден од годината.

34 – годишната Наташа доби златник и подароци од министрите и изјави дека и да замислувала дека се ќе се одвива така совршено за време на породувањето немало да биде.

Во првите 15 минути се родиле три новороденчиња на ГАК. За сега повеќе се машки од женски.

Министерот за здравство Меџити вети дека во 2024-та нема да има скандали во здравството како што имаше, ќе се работи максимално за квалитетно здравство.

А додека чекаме подобри здравствени услуги, многумина изгубија трпение и се иселија од државава. Тоа влијае и на наталитетот.

Додека чекаме и национална стратегија за демографија, 12 илјади лица годишно се иселуваат од земјава според последните податоци на Заводот за статистика.

 

Александра Велинова