Македонија

Африканката Ем Блажевска љубовта ја донесе од Кенија во Македонија

01.01.2024 17:30

Африканката Ем Блажевска 2023 ќе ја памети по официјализирањето на статусот за државјанство. За Ем Македонија е нејзиниот дом а луѓето се пријатни и топли...

Ем Блажеска љубовта ја донесе од Кенија во Македонија. Од лани и официјално со документ Македонка. Точно 5 години е скопска снаа а круна на љубовта со сопругот Михајло е ќерката Дарија. Вешто готви македонски јадења, пее македонски песни, а најзаслужна вели за тоа е нејзината свекрва.

И се допаѓа македонската традиција и празници, вели дека е фасцинирана од тоа како ние ги прославуваме празниците, за најинтересен го смета Велигден и вапсањето на првото црвено јајце в зори како и пеењето коледарски песни. Вели дека ја сака природата во Македонија.

За Ем Македонија е нејзиниот дом а луѓето се пријатни, топли. Единствено и пречи што тешко наоѓа козметика за нејзината темна кожа и за косата со различна текстура, несвојствена за ова поднебје. На гледачите на Македонската телевизија им ја честита Новата година насмеана и харизматична како секогаш.

 

Александра Спировска