мвр

Приведен криумчар на мигранти

01.01.2024 20:04

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок...

Денеска околу 17 часот на автопатот „Пријателство“, помеѓу Табановце и Куманово, полициски службеници од РЦГР Север-ПС за ГН Сопот го лишија од слобода И.Ѓ.(32) од гевгелиско, затоа што во патничко моторно возило „пежо“ превезувал три лица мигранти од Непал.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.