Белгија го презема претседавањето со Европската унија
Под мотото заштити зајакни подготви во наредните шест месеци земјата ќе се фокусира на шест тематски боасти и ќе посвети особено внимание на одржувањето на поддршката на Унијата за Украина.

Од први јануари Белгија го презема претседавањето со Европската унија. Под мотото заштити зајакни подготви во наредните шест месеци земјата ќе се фокусира на шест тематски боасти и ќе посвети особено внимание на одржувањето на поддршката на унијата за Украина.
Заштита на граѓаните, зајакнувањето на економијата и подготовка за заедничка иднина се приоритетите кои ги издвојува премиерот на Белгија де Кро. првиот елемент е да ги заштитиме нашите граѓани, што значи обезбедување безбедност и благосостојба, заштита на границите, зајакнување на социјалните и здравствените програми, зачувување на единството и поддршка на Украина, рече де Кро, презентирајќи ја програмата на претседателството.
Белгија го презема претседавањето во време на европски избори. Во јуни граѓаните на 27 земји-членки ќе гласаат за нов Европски парламент, по што ќе следуваат избор и на нова Европска комисија и нов претседател на Европскиот совет.
