Управен Суд

Се чека образложение за враќањето на Дамева на чело на Судскиот совет

02.01.2024 09:01

Управниот суд треба да ја образложи одлуката со која ја прифати тужбата на Дамева и одлучи таа да се врати на чело на Судскиот советот.

Управниот суд треба да ја образложи одлуката со која ја прифати тужбата на Дамева и одлучи таа да се врати на чело на Судскиот советот. Судот ги анализирал сите записници од седниците, но не можел да најде објаснување зошто Судскиот совет и изгласал недоверба на Дамева.

Засега е не се знае кога и како судскиот совет ќе ја спроведе одлуката на Управниот суд, против која никој нема право на жалба. Дамева беше отстранета од функцијата на седница на 26-ти април годинава. На седница нејзиниот заменик Селим Адеми побара да се гласа за нејзино разрешување. „За“ гласаа седумчлена, по што тој констатира дека претседателката е разрешена и за другиот ден закажа нова седница за избор на нов претседател.

По разрешувањето, Дамева во мај поднела тужба до Управниот суд за начинот на кој беше разрешена од функцијата, а до Основното јавно обвинителство Скопје доставила и кривична пријава.