Се стравува од уште една експлозија во електраната Обилиќ кај Приштина

06.06.2014 17:35

Според првичните податоци до несреќата дошло откако експлодирала боца со гас во единицата за електролиза. Експлозијата била толку силна што се слушнала дури до Приштина...

Според последните податоци најмалку четири работници загинале, а 13 – мина се повредени, еден е во критична состојба во експлозијата во електраната Обилиќ во близина на Приштина. Се стравува дека бројот на повредени и загинати може да биде поголем.

Спасувачките екипи се на терен. Стручните лица велат дека може да дојде до уште една експлозија. Луѓето масовно се евакуираат. Според првичните податоци до несреќата дошло откако експлодирала боца со гас во единицата за електролиза. Експлозијата била толку силна што се слушнала дури до Приштина.

Стручните лица се на терен и се обидуваат да спречат понатамошно проширување на пожарот на околните објекти. Полицијата го обезбедува пристапот до местото на несреќата. Екипите на противпожарната бригада и на брза помош се на терен. Претседателот на бордот на директори на косовската Електро- енергетска корпорација, Берат Рукичи, за агенцијата Бета потврди дека во несреќата четворица го загубиле животот.  

Опасноста се уште не е мината, затоа сите специјализирани тимови се мобилизирани, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, кој ги поради експлозијата ги откажа сите предизборни активности. 

За викендот во Косово ќе се одржат парламентарни избори.

 

Марија Петковска