ГАК

Ќе се формира Комисија за случајот со новороденчето со скршеница на неговата рака

02.01.2024 09:25

Директорката на Клиниката за гинекологија Викторија Јовановска, најави формирање посебна Комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го разгледа случајот со новороденчето на семејството Дамјановски...

Директорката на Клиниката за гинекологија Викторија Јовановска, најави формирање посебна Комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го разгледа случајот со новороденчето на семејството Дамјановски и ќе ги испита причините како дошло до скршеницата на неговата рака.

Иако родителите се жалат дека персоналот се обидувал да го прикрие случајот, директорката тврди дека биле запазени сите медицински протоколи. Појаснува дека по породувањето неможело да се утврди дали станува збор за скршеница, бидејќи немало оток, но кога се појавил, веднаш била направена рендген снимка која ги потврдила сомнежите.

Бебето се родило на 31-ви декември, а мајката успеала да го види на пет минути по низа инсистирања.