Израел

Израелскиот Врховен суд го укина контроверзниот закон на десничарската влада на Нетанјаху

02.01.2024 09:37

Законот беше дел од пошироката правосудна реформа која ја предложија Нетанјаху и неговата коалицијата на верски и националистички партнери...

Израелскиот Врховен суд го укина контроверзниот закон на десничарската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху, со кој на судот му беа одземени некои овластувања. Усвојувањето на законот предизвика масовни протести низ Израел, пред војната со Хамас.

Законот беше дел од пошироката правосудна реформа која ја предложија Нетанјаху и неговата коалицијата на верски и националистички партнери, и која предизвика големи поделби во Израел и загриженост околу. За поништување на спорниот закон се изјаснија осум од 15 судии на Врховниот суд.

Во меѓувреме, во Газа не запираат борбите. И во новата година жителите на енклавата се соочуваат со нехумани услови и недостиг на основните животни намирници.