Прогласена тревога за воздушен напад низ цела Украина
Воздухопловните сили на Украина велат дека Русија стартувала 16 стратешки бомбардери „Ту-95мс“ за лансирање ракети.

Прогласена тревога за воздушен напад низ цела Украина. Воздухопловните сили на Украина велат дека Русија стартувала 16 стратешки бомбардери „Ту-95мс“ за лансирање ракети. Украинската воздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала во регионот Лавов во западна Украина.
Во јужниот дел на Украина паѓањето на остатоци од спречениот напад со руски беспилотно летало погодило станбени згради во Одеса, убивајќи едно лице, а ранувајќи три лица. Руската страна, пак, тврди дека во гранатирањата во Доњецк загинале 4 лица, а 13-мина се ранети.
Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека непријателот на Русија не е Украина, туку „западните елити“ кои ја поддржуваат. Според него, Украина е „само алатка во рацете на колективниот запад што ја користи за да се бори против Русија“.
