Обама и Путин, сепак разговарале!
06.06.2014 17:40
Изворот посочува дека претседателите неформално разговарале и дека не станува збор за билатерална средба...

Според Белата Куќа, претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин се сретнале денеска на маргините од свечениот ручек во дворецот Бенивил во Нормандија, Франција по повод 7-те децении од истоварувањето на сојузниците.
Изворот посочува дека претседателите неформално разговарале и дека не станува збор за билатерална средба.
Неофицијално, Обама барал од Путин да се сретне со претседателот Петро Порошенко за да се разреши украинската криза.
Путин и Обама немаат разговарано откако почнаа вооружените судири во Украина.
