Десетта интернационална награда за „Кајмак“ и за Манчевски
„Кајмак“ беше прогласен за најдобар филм на фестивалот и-Фест во Палермо, Сицилија, кој заврши на 29-ти декември. Филмот ја доби Меѓународната награда на Град Палермо, а куриозитет е дека таа е изработена од прославениот сицилијански керамичар Нино Парука кој годинава одбележува половина век творештво.

Филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, ја заврши 2023-та година со нова меѓународна награда - седма по ред за филмот, а вкупно десетта заедно со трите кои ги доби Манчевски во текот на изминатата година.
„Кајмак“ беше прогласен за најдобар филм на фестивалот и-Фест во Палермо, Сицилија, кој заврши на 29-ти декември. Филмот ја доби Меѓународната награда на Град Палермо, а куриозитет е дека таа е изработена од прославениот сицилијански керамичар Нино Парука кој годинава одбележува половина век творештво.
Фестивалот му оддаде и почит на Манчевски, со почесна проекција на неговиот легендарен филм „Пред дождот“, добитник на Златен лав во Венеција и на номинација за Оскар, како и со мастерклас што режисерот го одржа во Палермо.
Ова филмско остварување на Манчевски досега собра рекорден број на награди. „Кајмак“ новата 2024-та година ја стартува наскоро во официјална конкуренција за најдобар филм на фестивалот во Буенос Аирес, Аргентина.
Македонската Радио-телевизија е копродуцент на филмот „Кајмак“