Свет

Јужна Кореја: Атентат врз лидерот на опозицијата

02.01.2024 11:09

Политичарот во свесна состојба и со рана на вратот е пренесен во болница. Лекарите соопштија дека повредата не била животозагрозувачка. Напаѓачот е фатен.

Опозицискиот лидер на Јужна Кореја, Ли Џе-Мјунг, нападнат и прободен со нож за време на јавен настан додека одговарал на новинарски прашања.

Политичарот во свесна состојба и со рана на вратот е пренесен во болница. Лекарите соопштија дека повредата не била животозагрозувачка. Напаѓачот е фатен.

Пред да го изврши нападот се приближил до политичарот барајќи му автограм по што го извршил злосторството.

Претседателот Јун Сук Јеол го осуди нападот нарекувајќи го неприфатлив чин.