Можен ли е двоен триумф во Австрија?
По Австријците, ќе ги одмериме силите со Данска, наредниот петок и сабота, во салата „Парк“ во Струмица...

Македонските одбојкари вечерва ќе го одиграат вториот натпревар против Австрија, во рамки на Европската лига. Во вчерашниот беа подобри со 3-1 во сетови (25-18, 21-25, 25-14, 25-20) и триумфално го почнаа дебитантското учество во престижното натпреварување.
Во нашата група се и Данска, Словенија и Турција, а доколку се вратат со максимален број бодови од гостувањето во Австрија, црвено – жолтите ќе внесат неизвесност во оваа конкуренција во којашто впечаток е дека можеме да играме на резултат.
По Австријците, ќе ги одмериме силите со Данска, наредниот петок и сабота, во салата „Парк“ во Струмица. Данците, пак, во првото коло ќе се сретнат со Словенија, а бивниот двомеч е на 10-ти и на 11-ти.
