Македонија

Судскиот совет утре ќе ја разгледа пресудата од Управниот суд за разрешувањето на Дамева

02.01.2024 11:22

Од Советот информираат дека таа ќе биде разгледана утре на работен состанок, а по неа треба да се постапи во рок од 30 дена и нема право на жалба.

Во Судскиот совет пристигна пресудата од Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева.

Од Советот информираат дека таа ќе биде разгледана утре на работен состанок, а по неа треба да се постапи во рок од 30 дена и нема право на жалба.

Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување.

По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.