Јапонија

Авион изгоре на писта на аеродромот Ханеда во Токио

02.01.2024 11:25

Сите 379 патници со посадата се навремено евакуирани- јавува државната јапонска агенција.

Авион на јапонските авио-линии целосно изгоре во пожарот на токискиот аеродром Ханеда. Сите 379 патници со посадата се навремено евакуирани- јавува државната јапонска агенција.

Според првичните информации, патничкиот авион при слетувањето на пистата се судрил со друг авион на крајбрежната стража, кој исто така изгорел, имало шест лица. Петмина од нив се сметаат за исчезнати. Евакуиран бил само пилотот.

Авионот бил на пат кон регионалниот аеродром Нигата за да однесе хуманитарна помош за погодените од земјотресот.