Собраниска седница за избор на техничка влада до крајот на месецов
2024-та за земјава е изборна година. На крајот на месецов треба да се одржи седницата за избор на техничката влада. Но, на тоа ќе му претходи изборот на новиот собраниски спикер. На местото на Талат Џафери, кој ќе биде премиер во владата задолжена за спроведување на изборите, ќе дојде координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески...

Јануари месец на смена на државни фотелји. Ковачевски ќе даде оставка на премиерската функција, а на неговото место ќе седне техничкиот премиер Талат Џафери. Но, за да се случи тоа, Собранието треба да ги констатира нивните оставки.
Кон средината на јануари, на седница ќе биде ставена и точката за разрешување на Џафери од претседателската функција во Собранието и гласањето на Јован Митрески за негов наследник во следниот период до изборите. Седницата за избор на техничката влада ќе се одржи на 27-ми јануари, според Деловникот пратениците ќе дебатираат два дена.
Тоа што досега од опозициската страна не е познато, е кој се имињата на нивните министри кои ќе бидат дел од техничката владата. Додека Мицкоски ги ескивира одговорите на ова прашање, социјалдемократите веќе ги соопштија имињата, но го избраа и генералниот секретар Миле Зечевиќ за шеф на Централниот изборен штаб.
Партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ треба да заседаваат, а јавноста е во очекување и на тет-а-тет средбата Мицкоски-Ковачевски. Како што велат двајцата, подготвени се за разговор, но останува прашањето кога.
Миле Ристески
