ПОЦ
Санкционирани 231 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
02.01.2024 12:46
Во периодот од 25.12. до 31.12.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 119 непрописно паркирани возила...

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 231 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ПОЦ.
Во периодот од 25.12. до 31.12.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 119 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 112 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во соопштението.
