НБА

Сан Антонио го зададе првиот удар

06.06.2014 18:18

Спарс поведоа со 1:0 против актуелниот шампион Мајами, во 68-то НБА финале и прва финална реприза по 98-та година.
 
Ману Џинобили го предводеше најдобриот тим во регуларниот дел на сезоната, до победата 110:95, во првиот од можните 7 меча во формат 2:3:2. Аргентинецот реализира 16 поени, со 5 скокови, 11 асистенции, 3 украдени топки и една блокада. тим данкан имаше 21 поен, со 10 скокови.
 
Кај поразените Леброн Џејмс имаше 25 поени, но одигра само 33 минути и не се врати на паркетот во последната четвртина, кога се стопи предноста на Хит, со 36:17 за Спарс во финалниот период.
 
Последен пат финална реприза играа Булс и Џез, пред 16 години, а двете финалиња ги доби легендарниот состав од Чикаго.