Хидроцентрала

Пропадна уште еден тендер за изградба на „Чебрен“

02.01.2024 13:57

На 31-ви декември истече рокот кој грчката фирма „Архиродон“ го имаше за да стави потпис на договорот, за изградба на хидроцентралата на Црна река.

Пропадна уште еден тендер за „Чебрен“. На 31-ви декември истече рокот кој грчката фирма „Архиродон“ го имаше за да стави потпис на договорот, за изградба на хидроцентралата на Црна река.

По налог на министерката Шукова формиран е тим на правници кои ги анализираат следните чекори, меѓу кои и дали ќе се активира банкарската гаранција. Оттаму додаваат дека веќе во текот на утрешниот ден ќе има повеќе детали, како и кога ќе се пристапи кон подготовка на одлука за прекинување на постапката.

Грчката компанија се жалеше дека условите на тендерот не се исти како оние во владината одлука за изградба на хидроелектраната „Чебрен“, но од Владата беа децидни дека никакви промени во критериумите нема да има.

Ова беше 14 по ред обид да се гради овој проект, стар повеќе од три децении.