Украина

Уште еден масовен руски ракетен напад врз Украина

02.01.2024 14:32

Почна најавената одмазда на Путин. 16 стратешки руски бомбардери извршиле жесток напад врз Украина. Силни експлозии одекнуваат во центарот на Киев. Погодена е деветокатница. Регистрирани се и пожари. Непријателот удри и врз Харков. Има жртви.

Почна одмаздата на рускиот претседател Путин по нападот врз Белгород. Жестоки гранатирања на украинска територија со беспилотни летала и ракети. Силни експлозии и во центарот на Киев. Погодена е деветокатница, регистрирани пожари.

„Се подготвувавме да појадуваме пред работа. Наеднаш сè се разнесе. Прозорците ми прелетаа над главата“, изјави жител на Киев.

„Една жена почина на пат кон болница, околу 30 лица се во хоспитализирани со различни повреди“, изјави Виталиј Кличко, градоначалник на Киев.

Москва удри и врз Харков. Има жртви и повредени. Руското Министерство за одбрана објави серија видеоснимки на кои се прикажани различни напади врз украинска територија.

„Во моментов има многу повредени, сите бројки се прелиминарни“, додаде болничар на брзата помош.

Украинските сили соопштија дека регистрирале речиси сто проектили од различен тип. Најмалку 70 од нив се пресретнати и соборени, од кои речиси 60 во регионот на главниот град. Жртви и повредени во остатоци од дронови во згради во Одеса.

„Во моментов се работи на отстранување на последиците. За жал, има жртви и многу повредени. На сите им се обезбедуваат потребните помош. За секој одземен живот, Русија ќе одговара“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во исто време, Полска објави дека борбени авиони Ф-16 и сојузнички танкер се на небото среде последниот бран руски напади врз Украина. Претходно во петокот, руска ракета навлезе во полскиот воздушен простор три минути, пред повторно да премине на украинска територија.

 

 

Маријана Димовска