Здравство

Лекот „Трикафта“ го примија уште две пациентки со цистична фиброза

02.01.2024 14:50

Уште две пациентки со цистична фиброза примија „Трикафта“. Тие се наоѓаат на Клиниката за детски болести и нивната здравствена состојба е стабилна. Утре, пак, на уште на двајца пациенти ќе им биде дадена терапијата, со што бројот на лица кои го примаат овој лек ќе се искачи на 16. етапно секоја недела ќе се вклучуваат и нови болни во лекувањето.

Во петокот уште две пациентки со цистична фиброза го примија лекот „Трикафта“. Уште 55 пациенти чекаат за терапија, а од Министерството, велат дека во текот на оваа година етапно сите ќе ја добијат терапијата.

Тие кои во петокот ја примија терапијата се наоѓаат на Kлиниката за детски болести. Нивната здравствена состојба е стабилна. Но, од асоцијацијата на болница од цистична фиброза сметаат дека е потребно да се промени возрасната граница на пациентите кои го примаат лекот „Трикафта“. Велат, ова прашање ќе го стават на маса на наредниот состанок со министерот Меџити.

Според Гаспар, терапијата се дава етапно поради капацитетот на установата која може да прими пациенти, но верува дека сите ќе добијат „Трикафта“.

Во новата година пациентите со цистична фиброза добиваат подобар квалитет на живот, уверуваат од ресорното Министерство.

 

 

Ана Јосифовска Тодоровска