мвр

Приведен ловџија, ранил едно лице додека било на лов

02.01.2024 19:04

Според пријавеното, со ловечка пушка му нанел прострелни рани на Д.Ј.(39) од Македонска Каменица, додека бил на лов со повеќе лица во с.Пресека, кочанско.

Вчера полициски службеници од Македонска Каменица го лишиле од слобода Д.С.(57) од Македонска Каменица, затоа што, според пријавеното, со ловечка пушка му нанел прострелни рани на Д.Ј.(39) од Македонска Каменица, додека бил на лов со повеќе лица во с.Пресека, кочанско.

По документирање на случајот против Д.С. ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од МВР.