ИЗРАЕЛ-ХАМАС
Израел ги засили нападите врз цели на Хамас
02.01.2024 19:40
Израелската војска објави дека извршила нови воздушни напади во јужен Либан насочени кон милитантите на Хезболах...

Интензивни борби меѓу израелските сили и Хамас во централниот и јужниот дел на Газа од копно, море и од воздух. Израелската војска објави дека извршила нови воздушни напади во јужен Либан насочени кон милитантите на Хезболах.
Во меѓувреме, турската полиција уапси 33 лица осомничени за шпионирање за израелската разузнавачка служба Мосад.
