Македонија
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Тетово и Гостивар
03.01.2024 08:26
Земјотресот бил со јачина од 3,4 степени и епицентар во Албанија. Регистриран е во 23 часот и 39 минути, по локално време...

Доцна синоќа земјотрес ги вознемирил жителите на Тетово и Гостивар. Земјотресот бил со јачина од 3,4 степени и епицентар во Албанија.
Според европскиот сеизмолошки центар- ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 23 часот и 39 минути, по локално време.
Нема информации за предизвикана материјална штета.
