Економија

Нова странска инвестиција во ТИРЗ Скопје 1

03.01.2024 08:31

Деспотовски во вчерашното интервју за МИА рече дека се работи за компанија која доаѓа од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија...

Во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска ќе биде презентирана првата странска инвестиција за 2024 година.

Дирекцијата по овој повод организира брифинг со новинарите на кој, покрај директорот Јован Деспотовски, ќе бидат присутни и премиерот Димитар Ковачевски, како и претставници на компанијата инвеститор.

Деспотовски во вчерашното интервју за МИА рече дека се работи за компанија која доаѓа од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија. Капацитетот ќе биде лоциран во ТИРЗ Скопје 1 и според проекциите, до крајот на инвестицискиот период само за плати се предвидени над 15 милиони евра годишно.