УХМР

Променливо облачно со слаб локален дожд, магла во одделни котлини

03.01.2024 08:13

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и магливо. Околу пладне ќе има услови за слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.